ПОСВЕТЕНО И ПРЕЦИЗНО РАБОТЕЊЕ

ЗОШТО НИЕ?

ШТО НУДИМЕ?

Нашата компанија гарантира професионални и безбедни услуги и дава холистички решенија кои вклучуваат: утовар, транспорт, истовар, внесување/изнесување/релокација во хала, позиционирање, монтажа и демонтажа на машини опрема и друга стока.

ОД КОГА И ЗА КОГО ПОСТОИМЕ?

Трговското друштво Орбита Транс е основано во 1992 година и повеќе од 30 години е посветена на потребите на своите клиенти. Нивниот успех е и наш успех. Заедно растеме и се развиваме.

ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГАМЕ?

Безбедноста искуството и посветеноста се ‘рбетот на нашата организација. Успешно ги поместуваме границите на нашите можности секој пат надминувајќи се самите себе.

УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИМЕ

Вршиме транспорт на секаква вонгабаритна стока: градежни машини и механизација, индустриски машини, конструкции, носачи за мостови, метални елементи, цистерни, трансфорамтори и друга стока која ги надминува дозволените димензии и маса со сите потребни дозволи и пратњи. Учествуваме во домашниот и меѓународниот транспорт генерално во Балканските земји.

Вршиме обезбедување на сите потребни дозволи за домашни и странски возила кои вршат транспорт што ги надминува законски дозволените димензии и маса со обезбедување на сите потребни дозволи или елаборати (за Јавни патишта и Град Скопје) и со соодветно обезбедување на транспорот со специјализирани возила и полициски возила.

Вршиме утовар и истовар на стока од камиони, даваме услуги при монтажа/демонтажа на конструкции, подигање на материјали на објекти, монтажа/демонтажа на градежни кранови итн. Располагаме со мобилни дигалки со најголема носивост од 12Т. до 90Т. и виљушкари со најголема носивост до 10Т.Располагаме и со специјална електрична “pick and carry” дигалка за работа во хала.

Изнајмуваме електрични и плински виљушкари и електрични палетни виљушкари и стакери за работа во хала, електриччни платформи и корпи за работа на висина.

Вршиме внесување на машини во хала, релокација во хала или дислокација (изнесување) на машини и опрема од хала со користење на хидраулична опрема за подигање на тешки машини и ролери со електричен трактор за поместување на машини и опрема. Со оваа услуга нудиме и целосно решение на демонтажа/монтажа на машини (пнеуматско, хидраулично и електрично поврзување, сечење и заварување).

Располагаме со паркинг простор од 5.000 м2 за паркинг на тешки товарни возила.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

АДРЕСА

ул.Перо Наков 110-а, Скопје

ТЕЛЕФОН

+389 75 404 114

Се праќа...
Грешка! Ве молиме обидете се повторно.
Вашата порака е испратена. Ви благодариме!